недела, август 2, 2026
Дома СВЕТ Се урна туристички авион во Перу, загинаа 13 лица, и патниците и...

Се урна туристички авион во Перу, загинаа 13 лица, и патниците и екипажот – причината за несреќата се уште не е позната/видео

0

Тринаесет лица загинаа во саботата кога мал туристички авион се урна над археолошкото наоѓалиште Наска во јужен Перу, соопштија локалните власти.

Перуанскиот државен информативен канал ТВ Перу објави дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, објави „Ројтерс“.

Локалните власти соопштија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од местото на Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија Аеродијана.

Авионот полетал од аеродромот Писко за да прелета над Наска линиите, но неколку минути подоцна изгубил контакт со контролната кула, објавија локалните медиуми.

Причината за несреќата сè уште е непозната, а локалните власти најавија истрага.

Линиите Наска, џиновски цртежи и геометриски форми врежани во пустинските рамнини на југот од земјата, се една од главните туристички атракции на Перу, привлекувајќи околу 100.000 посетители годишно, кои обично ги гледаат од мали авиони над локацијата.

 

ИЗДВОЕНИ