Големата музичка ѕвезда не одржа само концерт како концерт (во организација на “Авалон”), во Битола во нашата Македонија, тој уште еднаш покажа дека и по распадот на Југославија цврсто останува мегаѕвезда од Вардар до Триглав.


Битола град домаќин, стадионот со преполни трибини, преполн град со домашни и странски туристи, во ресторани и кафулиња во кои се бараше слободно столче… гости од сите страни, од Србија, Бугарија, Црна Гора, Далмација, Босна…

Ова не беше само музика исполнета со сите негови хитови со кои три саати ечеше стадионот, тоа беше и живот за градот. Туризам, угостителство, и воопшто промоција за самата Битола.
Градот заслужува многу почесто вакви спектакуларни концерти, мелем за душата. Не само за празникот Илинден, туку и во текот на годината.
Битола оваа убавина ќе ја памти!
(Д. М.)












