Планинарско-пешачката патека која ги поврзува Нижеполе со Големо Езеро и Брајчино целосно се уредува и ќе стане достапна за сите планинари.
Од Националниот пар „Пелистер“ велат дека уредувањето на планинарско-пешачката патека долга 19 километри подразбира целосно расчистување на вегетацијата по целата нејзина должина, обновување на Кнафелцовата сигнализација и поставување нова зимска маркација на правецот Нижеполе – Големо Езеро (по Дебел рид).

– Дополнително ќе бидат поставени и патокази за Мало Езеро и Врв Пелистер од насока на Големо Езеро. Активностите се одвиваат во исклучително тешки услови поради алпските карактеристики на теренот, па целата опрема и работен алат се носи на раце – информираат од НП „Пелистер“
Активностите се одвиваат во соработка со Славков хајкинг треилс (Slavkov Hiking Trails), Амбасадата на Австрија во Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Амбасадата на Словачка во Македонија, Преспа Охрид нејчр траст ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust – PONT) и Министерството за животна средина и просторно планирање.












