среда, август 5, 2026
Дома СКОПСКА Се става ред во јавниот простор во Карпош

Се става ред во јавниот простор во Карпош

31

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Од Општината информираат дека нивните инспекциски служби извршиле теренска контрола на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите биле констатирани неправилности кај неколку угостителски објекти.

– Притоа, изречена е една глоба за правен субјект издадени се неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема – информираат од Општина Карпош.

Оттаму, повторно упатуваат апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Општинските власти велат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општина Карпош.

 

 

ИЗДВОЕНИ