Eкипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на јули подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.
-Отстранети се и 2.360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини – 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.
Во истиот период, еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.












