Челниците на НБА официјално одлучија да разговараат за проширувањето на лигата во 2028/29 година, за што се шпекулираше со години, и оваа сага конечно ќе заврши, на радост на навивачите.

Добиваме две нови франшизи кои ќе се појават во Сиетл и Лас Вегас. Што се однесува до Сиетл, тоа е град кој веќе има историја во НБА-круговите, но Суперсоникс го напуштија во 2008 година. Поточно, тогаш познатата франшиза за која играа и Греј Пејтон, Шон Кемп, Реј Ален и други се пресели во Оклахома сити. Лас Вегас, исто така, ќе добие своја франшиза во НБА-лигата, што не е големо изненадување и за овој проект за „градот на гревовите“ се зборува со години. Дури се споменуваше дека Леброн Џејмс стои зад овој проект.

  • НБА ќе одржи гласање на 24 и 25 март на состанокот на Одборот на гувернери за тоа дали да се започне процесот на проширување на лигата – исклучиво со додавање тимови во Лас Вегас и Сиетл, со цел две нови франшизи да се натпреваруваат во сезоната 2028-29, дознава „ЕСПН“ од извори блиски до лигата.

ИЗДВОЕНИ