четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Март е, а пристигнуваат временски услови како во јануари! Северен бран ќе...

Март е, а пристигнуваат временски услови како во јануари! Северен бран ќе донесе дожд и снег

129

Времето во Македонија во следните денови ќе биде облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд и постепен пад на температурите.

Според прогнозите, врнежите ќе започнат уште од попладневните часови и ќе продолжат во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во текот на утрешниот ден и во четврток се очекуваат нови врнежи, пообилни во западните делови од земјата. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините и на повисоките места постои можност дождот повремено да преминува во снег.

Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од источен и североисточен правец, додека од петок се очекува ветерот да се сврти од север.

Температурите ќе бидат во опаѓање – утринските на повеќе места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе достигнат до околу 16 степени.

ИЗДВОЕНИ