петок, октомври 9, 2026
Дома СКОПСКА Се отстрануваат хаварисаните возила во Карпош 3

Се отстрануваат хаварисаните возила во Карпош 3

1

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и за отстранување на отпадните и хаварисани возила од јавните површини на своја територија. Акцијата, која ја спроведува Секторот инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „Греен Роад“ ДООЕЛ – Скопје, вчера  почна во реонот на УЗ Карпош 3.

– Во рамките на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила, се ослободуваат јавни површини и паркинг-простор, а воедно се придонесува за подобрување на комуналниот ред и на квалитетот на животната средина – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека ќе продолжи акцијата во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Од Општина Карпош апелираат до граѓаните за совесно и одговорно однесување и за заеднички придонес за почист, поуреден и побезбеден Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ