Пристигна сезоната на Стрелецот – астролошки период што носи возбуда, страст и просперитет – а ќе биде особено поволен за пет хороскопски знаци. Ако вашите клучни планети се наоѓаат во некој од овие знаци, пред вас е месец полн со можности, пишува „Vice“.
Стрелец
Со оглед на тоа што нивната сезона е во тек, сосема е логично оние родени во знакот на Стрелец да бидат во центарот на вниманието. За време на овој „соларен поврат“ (периодот околу роденденот), тие може повеќе да се свртат кон себе и да почувствуваат поголема внатрешна хармонија. Гледаат кон иднината со оптимизам, фокусирајќи се на пошироката слика. Ова е совршено време за поставување цели за претстојната година и за максимално искористување на сè што нуди сезоната на нивниот роденден.
Иако секој соларен поврат поттикнува раст, овој ќе биде особено значаен поради еден специфичен транзит. „Во текот на целата сезона на Стрелецот, Сонцето и Јупитер се наоѓаат во состојба позната како ’заемна рецепција‘“, објаснува Обри Хаудешел, авторка и астролог од Денвер.
„Тоа значи дека секоја планета се наоѓа во знакот со кој владее другата. Во овој случај, Јупитер е во Лав – со кој владее Сонцето – додека Сонцето е во Стрелец – со кој владее Јупитер.“ Бидејќи Јупитер е планета на експанзија, раст и среќа, неговото присуство во Лав носи дополнителна доза на интензитет и изобилство за оние родени во знакот на Стрелец.
Овен
Како огнен знак, и Овенот ќе ги почувствува позитивните ефекти од сезоната на Стрелецот. Родените во овој знак можат да очекуваат зголемена самодоверба и напредок, особено во кариерата.
Можни се поместувања кон поголема стабилност, креативност и задоволство од работата. Исто така, личните проекти можат да им донесат чувство на сигурност и да отворат нови можности. Овој период носи значајни позитивни промени што би можеле да ја обликуваат нивната иднина.
Лав
Среќата за време на сезоната на Стрелецот се однесува и на сите огнени знаци, вклучувајќи го и Лавот. Како што веќе беше споменато, Јупитер моментално се наоѓа во Лав и е во состојба на заемна рецепција со Сонцето, што носи посебни придобивки за Лавовите. „Планетите во заемна рецепција ги споделуваат своите ресурси“, вели Хаудешел. „Тие се поддржуваат меѓусебно и си помагаат во функционирањето. Како резултат на тоа, и Стрелците и Лавовите добиваат дополнителна доза среќа, поддршка и леснотија во своите потфати.“
Близнаци
Покрај огнените знаци, и еден воздушен знак – Близнаци – ќе доживее позитивни промени. Тие можат да очекуват среќа и страст во своите најблиски односи, што може да значи продлабочување на постоечката врска или почеток на нова. Отворената комуникација ќе биде клучна во овој период. Треба да се фокусираат на тоа самоуверено да ги изразат своите потреби и желби, како и да бараат јасност во односите што им се најважни.
Јарец
Иако нивната сезона сè уште не е започната, Јарците исто така ќе почувствуваат позитивни влијанија додека Сонцето е во знакот на Стрелец, истакнува астрологот Обри Хаудешел. „Кај Јарците станува збор за однос познат како антисција (antiscia), кој функционира како таен пакт помеѓу два знака“, вели Хаудешел.
„Терминот ‚антисција‘ потекнува од грчкиот јазик и значи ‚спротивни сенки‘. Два знака влегуваат во ваков однос кога се одразуваат еден преку друг во однос на точките на солстициј. Стрелецот и Јарецот се позиционирани токму вака, што им овозможува на Јарците да добијат поддршка од Сонцето, кое е особено моќно додека престојува во Стрелец.“
Практично кажано, тоа значи дека Јарецот може да ги примени својата структура, практичност и дисциплина врз филозофската и авантуристичка енергија на Стрелецот – создавајќи одлични можности за напредок како што се приближува новата година.












