Кремљ денес ги отфрли тврдењата за подготовки за нова мобилизација во Русија како „лажни“.
„Знаете, сето ова го подготвуваат украинските власти. Секако, режимот се обидува идеолошки да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја. Сето ова се само лажни вести, намерно подметнати во медиумите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според ТАСС.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека 300.000 Руси, кои ќе бидат мобилизирани на есен, би можеле да отворат нови насоки на фронтот во источна Украина или во регионот Чернигов-Киев.












