сабота, ноември 28, 2026
Дома КУЛТУРА Многу емоции и безвременски хитови – величествен концерт за 80. роденден на...

Многу емоции и безвременски хитови – величествен концерт за 80. роденден на Славе Димитров/ФОТО

0
Foto: P.Stojanovski

Многу емоции, сеќавања и безвременски хитови кои спојуваат генерации. Познатиот македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент Славе Димитров вечерва има достојна прослава за својот 80. роденден.

Во Македонската филхармонија, се одржува величествениот концерт „Од Евридика до Чија си“, вечер која е вистински празник на македонската забавна музика.

Публиката има можност повторно да ужива во безвременските композиции кои со децении се дел од музичката меморија на генерации Македонци.

„Чија си“, „Делфина“, „Каде песно моја“, „Евридика“ и уште многу познати песни добија ново, раскошно оркестарско руво, во кое емоцијата се спои со современ музички израз.
За оваа посебна музичка приказна се погрижи Националниот џез оркестар, предводен од маестро Џијан Емин, чии внимателно подготвени аранжмани им даваат нова димензија на добро познатите хитови.

Вечерта ја одбележа и извонредната плејада македонски музички ѕвезди кои се обединија на една сцена во чест на авторот. Хитовите на маестро Димитров ги пеат Калиопи, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Сашо Гигов-Гиш, Олгица Христовска, Елена Ристевска, Пере и Миа, Ѓоко Таневски, Александар Тарабунов, Дац и Александар, Маја Панчева, Барбара Поповиќ, Павле Камиловски, Стево и Сара Чепишевски, Ана Петановска, Билјана Гошева, Маја Саздановска, Ана Костадиновска, Мартија Станојковиќ и Лина Пејовска.

ИЗДВОЕНИ