сабота, ноември 28, 2026
Дома СВЕТ „Луѓе-кртови“ снимени во Њујорк: Забележани како излегуваат од шахта и заминуваат во...

„Луѓе-кртови“ снимени во Њујорк: Забележани како излегуваат од шахта и заминуваат во црвена лимузина/ВИДЕО

0

Пет лица биле забележани како излегуваат од канализацискиот систем на Менхетен во утринските часови – што е најнов случај во низата мистериозни појавувања на таканаречените „луѓе-кртови“, соопшти полицијата.

Групата неидентификувани поединци била забележана минатата среда, околу 5:00 часот наутро, како излегуваат од канализациска шахта во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица.

Досега нема уапсени
Објавените фотографии прикажуваат како овие необични „истражувачи“ носат батериски ламби, лопати и работни ракавици, веднаш откако излегле на површината.

Според надлежните, една жена и четворица мажи најверојатно излегле од канализацискиот систем. Групата од пет лица потоа влегла во црвена лимузина управувана од друга жена и исчезнала без трага.

Сè уште никој не е уапсен, а во тек е истрага за инцидентот, пренесува „Њујорк пост“.

Овој случај е најновиот во низата сомнителни упади во канализацискиот систем на Њујорк во текот на изминатите неколку месеци, што повторно покренува прашања за мистериозните групи наречени „луѓе-кртови“, кои го истражуваат подземјето на градот.

„Во потрага по вредни предмети“
Од полицијата изјавија дека уште една група урбани истражувачи била забележана во раните утрински часови на 6 октомври, како излегува од шахта на источната страна на Менхетен. Останува нејасно зошто се впуштиле во ваква експедиција.

Сепак, во септември беа уапсени две лица откако беа откриени како ја истражуваат канализацијата во истиот дел од градот.

Според полицијата и извори запознаени со случајот, нивната авантура ги одвела до просторот под хотел во кој престојувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Еден од двајцата обвинети, државјанин на Венецуела, им изјавил на надлежните дека влегол во канализацискиот систем „во потрага по вредни предмети што заглавуваат во одводите“.

Сепак, експертите предупредуваат дека е крајно неверојатно во подземните канализациски системи навистина да можат да се најдат злато, сребро или други вредни предмети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fox News (@foxnews)

ИЗДВОЕНИ