Германските истражители пронајдоа трет дрон и сомнителна експлозивна супстанца поврзана со обид за напад на аеродромот Лајпциг/Хале овој месец, објавија радиодифузерите NDR и WDR и весникот „Зидојче Цајтунг“.
Дронот е пронајден на 14 август, 10 дена по инцидентот, западно од аеродромот, објави Ројтерс.
На истото место, истражителите пронајдоа околу 50 грама супстанца за која се сомневаат дека е воен експлозив хексоген, објавија медиумите.












