петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Се огласи Зеленски – најавува важна средба за првата половина на ноември

Се огласи Зеленски – најавува важна средба за првата половина на ноември

29
EPA/SARAH MEYSSONNIER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговарачи од Украина, Русија и САД се договориле да одржат средба на техничко ниво во Абу Даби во текот на првата половина на ноември, изразувајќи надеж дека по тоа ќе следи средба меѓу лидерите на трите земји.

Зеленски рече дека денеска разговарал со американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, по нивната средба со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека секој мировен договор мора да вклучува цврсти безбедносни гаранции за Украина, како и финансирање на украинската војска во текот на следните 10 години.

„Планот е средбата да се одржи во првата половина на ноември – секако, колку поскоро, толку подобро“, рече Зеленски преку видео-врска на настан организиран од Институтот „Хадсон“ во Вашингтон.

Според него, многу работи ќе зависат од Русија; тој напомена дека слична средба, која била закажана за овој месец, не се одржала.

Зеленски ја нагласи важноста од продолжување на дипломатските напори насочени кон постигнување прекин на огнот и ставање крај на војната – која сега влезе во својата петта година – додавајќи дека во преговорите треба да биде вклучена и Европа.

Украинскиот претседател истакна дека е од клучно значење по разговорите на техничко ниво да следи средба меѓу лидерите на Украина, Русија и САД. Зеленски исто така изјави дека украинската војска и понатаму се соочува со проблеми при пристапот до комуникациските системи „Старлинк“ (Starlink), и покрај уверувањата од САД дека ограничувањата на брзината се укинати.

„Ограничувањата на брзината на системите ’Старлинк‘ и ’Старшилд‘ (Starshield) сè уште постојат, а брзината не е вратена на претходното ниво“, рече Зеленски, оспорувајќи го тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека услугите се целосно обновени.

Украина, исто така, ја очекува испораката на претходно договорените пресретнувачи за противвоздушна одбрана, напомена Зеленски – ситуација што дополнително ја отежнува одбраната на земјата од речиси секојдневните, масовни руски напади со беспилотни летала и ракети, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ