петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Ужасен инцидент во Најроби: Зграда се урна за неколку секунди – има...

Ужасен инцидент во Најроби: Зграда се урна за неколку секунди – има затрупани под урнатините/видео

41
Фото:принтскрин

Дванаесеткатна зграда што била во изградба се урна во Најроби; на терен се наоѓаат спасувачки екипи и Кенискиот црвен крст.

Има информации дека луѓе се затрупани под урнатините, иако официјалниот број на повредени или жртви сè уште не е потврден.

Во петокот, во Најроби, главниот град на Кенија, се урна дванаесеткатна зграда што била во изградба. Спасувачи и екипи на Кенискиот црвен крст се веќе на лице место, а од канцеларијата на гувернерот на округот Најроби соопштија дека има информации оти луѓе се затрупани под остатоците од објектот.

Зградата се наоѓа во населбата Истли. Иако објектот сè уште бил во изградба, на долните нивоа веќе работеле деловни простори, продавници и изнајмени простории – кои во моментот на уривањето биле полни со луѓе.

ИЗДВОЕНИ