сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Се огласи германскиот министер за внатрешни: Нападот во Берлин е исламистички тероризам,...

Се огласи германскиот министер за внатрешни: Нападот во Берлин е исламистички тероризам, сторителот е познат од претходно

85

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин беше исламистички терористички напад, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби за неколку претходни кривични дела.

„Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, рече германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB.

Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил луѓе со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ