Од МЕД информираат дека проектот се фокусира на Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во Големото Преспанско Езеро. Овие реки се значајни живеалишта за богатата биолошка разновидност на Преспа, вклучително и за ендемични видови, како споменатата преспанска пастрмка. Ќе бидат истражени околу 80 километри речни текови, ќе се изработи база на бариери и ќе се процени нивното влијание, можноста за отстранување и потенцијалните придобивки за природата. Целта е да се идентификуваат приоритетни бариери за идни активности за реставрација, со посебен фокус на подобрување на живеалиштата на преспанската пастрмка

 

Македонското еколошко друштво почнува нов проект за мапирање и процена на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка (Salmo peristericus).

Како што информираат, проектот се фокусира на: Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во Големото Преспанско Езеро. Овие реки се значајни живеалишта за богатата биолошка разновидност на Преспа, вклучително и за ендемични видови, како споменатата преспанска пастрмка.

Притоа, објаснуваат дека во рамки на проектот ќе бидат истражени околу 80 километри речни текови, ќе се изработи база на бариери и ќе се процени нивното влијание, можноста за отстранување и потенцијалните придобивки за природата.

– Целта е да се идентификуваат приоритетни бариери за идни активности за реставрација, со посебен фокус на подобрување на живеалиштата на преспанската пастрмка – нагласуваат од МЕД.

Додаваат дека бројни мали бариери, како што се објекти за наводнување, каскади, застарена водостопанска инфраструктура и мали хидроенергетски објекти, го попречуваат движењето на рибите и ги фрагментираат нивните живеалишта, но според МЕД, досега во македонскиот дел од преспанското сливно подрачје не е направена сеопфатна процена на овие бариери од аспект на нивно потенцијално отстранување во иднина и обезбедување на природниот водотек на реките.

Клучен партнер во реализацијата ќе биде Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ), кој со своето повеќедецениско искуство во хидротехничкото инженерство и водната инфраструктура ќе придонесе кон посоодветно остварување на зацртаните проектни цели.

Проектот е финансиран преку програмата „Отворени реки“.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ