Почна постапката за избор на економски оператор за довршување на изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев и Чукур Маало – Трубарево.

Од Општина Гази Баба информираат дека со реализацијата на овој значаен проект, секој дом од овие две населени места ќе добие приклучок на фекална канализација, со што директно ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.

-Ова е проект кој носи почиста животна средина, подобра инфраструктура и решавање на долгогодишно барање на жителите – децидни се од локалната самоуправа.

Инаку, средствата за реализација се обезбедени преку Европската инвестициона банка и Министерството за животна средина во износ од 512.500 евра, а Општина Гази Баба обезбедува дополнително кофинансирање од 167.000 евра.

Постапката за избор завршува на 04.08.2026 година, по што се очекувамe успешен избор на економски оператор и почеток на градежните активности на терен.

Од Општина Гази Баба им благодарат на жителите на Гоце Делчев и Чукур Маало за трпението, разбирањето и соработката.

 

ИЗДВОЕНИ