– Она што сакам да го нагласам како физиотерапевт е тоа дека пешачењето го спречува раниот почеток на деменција, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и го подобрува целокупното ментално и физичко здравје на една личност.
Да не зборуваме дека го намалува стресот и го одржува ендорфинот на високо ниво. Исто така, пешачењето како активност помага да се избегнат проблеми со срцето, придонесува за намалување на високиот крвен притисок и нивото на холестерол, како и за подобрување на циркулацијата на крвта, истакнува Жежов.
– Денес ве водам низ советодавната физиотерапевтска здравствена рубрика која повторно е намената за вашето здравје. Одењето е најдобриот лек, со само 30 до 40 минути пешачење секој ден, може драстично да го подобрите не само вашиот изглед туку и целокупното здравје, вели физиотерапевтот и специјалист по здравствен фитнес, Илија Жежов.

Тој ги посочува сите позитивни ефекти од пешачењето и позитивните промени во мозокот.
– Она што сакам да го нагласам како физиотерапевт е тоа дека пешачењето го спречува раниот почеток на деменција, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и го подобрува целокупното ментално и физичко здравје на една личност.
Да не зборуваме дека го намалува стресот и го одржува ендорфинот на високо ниво. Исто така, пешачењето како активност помага да се избегнат проблеми со срцето, придонесува за намалување на високиот крвен притисок и нивото на холестерол, и ја подобрува циркулацијата на крвта, истакнува Жежов.
Пешачењето е аеробна вежба која го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага во зајакнување на белите дробови, а ги елиминира токсините и непотребните материи од белите дробови, но исто така има добар ефект и врз панкреасот.
Можеби е тешко да се поверува, вели, но пешачењето како форма на вежбање е многу поефикасно средство за спречување на дијабетес од трчањето.
Со само 30 до 40 минути пешачење секој ден не само што може да го намалите ризикот од рак на дебелото црево во иднина туку може и да го подобрите варењето на храната, помагајќи си да го регулирате движењето на дебелото црево. Мускулен тонус и губење на тежината во одредени случаи на прекумерна тежина може да се постигнат и со одење. Практиката на одење 10.000 чекори дневно може да се смета како вежбање во вежбалница, особено ако додавате во некои интервали или пешачите по угорницата. Пешачењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да спречи губење на коскената маса, па дури и да го намали ризикот од фрактури.
–Како физиотерапевт, ви препорачувам умерено одење најмалку 30 до 40 минути дневно за да се намалат болката, вкочанетоста и воспалението во зглобовите како и да се ублажат болките во грбот. Пешачењето може да стане вистински спасител за оние што страдаат од болки во грбот за време на напорни вежби. Бидејќи тоа е активност со мал напор, нема да предизвика толку болка или непријатност како трчањето. Исто така, со редовно пешачење се придонесува и за подобра циркулација на крвта во ’рбетните структури и се подобрува држењето на телото и флексибилноста, што е исклучително важно за здрав ’рбет. Додека, пак, за смирен ум, одењето ги подобрува депресивните симптоми кај пациенти со големо депресивно растројство. Само замислете како може да ни помогне тоа кога се чувствуваме слаби или исцрпени, посочува Жежов.
Веселата прошетка со пријател или сакана личност само ќе ги умножи чувствата на среќа и ќе ви го подобри расположението.
– Сметам дека слободно може да го почнете денот читајќи ја мојата тема во ВЕЧЕР и практикувајќи ги моите совети со добро кафе или цеден портокал за освежување, порачува Жежов.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, Ординација за физикална терапија -Здравје Гостивар).












