Општина Аеродром почнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.
Од Општината велат дека овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата.
– Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог, кој е во интерес на сите жители на Долно Лисиче – информираа од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека со посветена работа и чекор по чекор, ќе продолжат со вложување во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните.
– Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет – децидни се од Општина Аеродром.












