Љубица Стојановска мајка на Ивана пред судот од местото за сведочење го пренесе ужасот што го преживувала нејзината ќерка од обвинетиот Стојанче.
Една ноќ и се јавил зетото кој го ословувала на почетокот со синко, да дојде да си ја земе. Жената истрчала и во станот ја начекала ќерката со тигаш двегодишната Катја како се тресе од страв.
„Се стрча кон неа и почна со боксови да ја удира, јас се ставив меѓу нив” , кажа мајката на Ивана. Дошла полиција и откако направиле разговор со Стојанче си заминале со зборовите “ајде смирете се ќе биде во ред”.
На пршањето дали знаела дека ја тепа, сведокот Љубица кажа дека ја гледала со модрици по рацете, нозете и со модро око за што и кажала дека паднала од тротинет.
”Најважна и беше Катја, за неа само се плашеше”. Детето еднаш и кажало дека мајка и клечи со скрстени раце а татко и ја удира со клоци. “Бабо не и кажувај на мама“. Ивана молчеше ништо не ми кажуваше, само велеше ќе се среди“, сведочеше мајката која не сакаше да го ослови со име обвинетиот.
На прашање на обвинителката кажа дека пред Нова Година напрвила благо и салата , но кога стигнала пред зградата Ивана ја предупредила веднаш да бега и да си оди.
“Хистерично викше по мене јас се сокрив позади автобуската, требаше да останам, но се плашев за детето”, кажа сведокот.
Сите сметки и ратата за кредит ги плаќала Ивана, а подоцна на негово барање го поделиле станот на двајцата.
„Малку го познаваше два месеца, забремени и се земаа”, рече Љубица.
Ивана му давала шанса, но подоцна стравот дека ќе и го земе детето ја заробил во секојдневниот хорор. (П.А)












