Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, објави дека започнале активности за чистење на коритото на реката Кумановка.
Според Димитриевски, целта е подобрување на хигиената, заштита на животната средина и уредување на речниот тек.
– Реката не е место за отпад. Да не загадуваме, туку да бидеме дел од промена. Заедно да создадеме почисто и поубаво Куманово – порача Димитривески.












