сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Се чистат диви депонии на повеќе локации во Даме Груев и на...

Се чистат диви депонии на повеќе локации во Даме Груев и на последна „петка“ во Дексион

511

Со градежна механизација, се расчистуваат од отпад локации во населбата Даме Груев, како и на просторот познат како „последна петка“ во Дексион.

Од Општина Ѓорче Петров соопштија дека овие активности не претставуваат изолирана интервенција, туку се дел од системскиот пристап насочен кон воспоставување ред, одговорност и долгорочно одржување на чиста животна средина.

Оттаму додаваат дека ќе останат посветени на создавањето достоинствени услови за живот на сите граѓани, без исклучок.

– Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со интензивните теренски активности и во наредниот период, со јасна определба дека нема да има запоставени локации и дека грижата за јавниот простор останува приоритет – децидни се од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ