петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се бара чаре за осигурување на „фриленсерите“

Се бара чаре за осигурување на „фриленсерите“

56

Владата, Фондот за здравствено осигурување и УНИЦЕФ ги разгледуваат модалитетите за независно здравствено осигурување малолетни лица на возраст под 18 година. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој укажа и на активност што ја води Министерството за социјална политика, а тоа е да се обезбеди посебна законска основа за лицата што имаат флексибилни работни ангажмани – од доставувачи на храна до т.н. „фриленсери“ односно лица што самостојно работат определена работа, за да не се појавуваат во други основи што ги имаат.

– Оваа основа треба да обезбеди поедноставна комункација меѓу институциите и овие лица. Ние сме достапни за секоја заинтересирана страна да споделиме информации за категориите, критериумите и условите бидејќи целта ни е сите граѓани да имаат пристап до здравствено осигурување. Со самото регистрирање на договорите на ваквите флексибилни работни ангажамани ќе биде возможно да пријават здравствено осигурување и да бидат осигурени по таа основа да не мора самите да се пријавуваат во Фондот, -додаде Клековски.

ИЗДВОЕНИ