недела, септември 13, 2026
Дома РАЗНО Сцена како на филм: Криумчари влечеле полицаец со возило кај Блаце, завршил...

Сцена како на филм: Криумчари влечеле полицаец со возило кај Блаце, завршил со повреди

0

Драматичен инцидент се случил во близина на граничниот премин Блаце, каде полициски службеник бил нападнат и влечен со возило при обид за приведување лица поврзани со криумчарење.

Според информациите од МВР, на 12 септември околу 17.15 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки.

Возилото било натоварено со разновидна криумчарена стока, а возачот не застанал на дадениот знак и продолжил да се движи.

По кратко време полицијата успеала да го запре возилото. При обидот возачот да биде приведен, на местото пристигнало друго возило од кое излегло лице кое физички нападнало еден од полициските службеници.

Во текот на инцидентот, едно од лицата го фатило полицаецот за раката, по што тој бил влечен со возилото управувано од другото лице. Потоа бил пуштен, паднал на земја и се здобил со повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ