недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Руски дрон погоди патнички воз во близина на Полска; Варшава подигна воени...

Руски дрон погоди патнички воз во близина на Полска; Варшава подигна воени авиони

1213

Руско беспилотно летало во неделата удри во локомотивата на патнички воз, на два километри од полската граница, соопшти украинскиот државен железнички оператор „Укрзализница“ (Украински железници). Според извештаите, нападот се случил во украинскиот регион Волин. Според достапните информации, во инцидентот немало жртви.

„Продолжуваме да ги следиме заканите од воздух, да обезбедуваме непречено одвивање на железничкиот сообраќај и да ги преземаме сите можни мерки за да ја гарантираме безбедноста на патниците и на железничкиот персонал“, соопштија од „Укрзализница“, како што пренесе „Еуроњуз“.

Очигледно е избегната трагедија, делумно благодарение на раното предупредување. Тимот задолжен за следење на безбедносните закани во железничкиот сообраќај ја открил опасноста и навреме ја известил екипата на возот, овозможувајќи им да преземат мерки за заштита на патниците и персоналот, се наведува во соопштението на компанијата.

„Продолжуваме да ги следиме заканите од воздух, да обезбедуваме непречено одвивање на железничкиот сообраќај и да ги преземаме сите можни мерки за да ја гарантираме безбедноста на патниците и на железничкиот персонал“, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ