недела, септември 13, 2026
Дома МАГАЗИН Бред Пит и Инес де Рамон „го освоија“ „Ју-Ес опен“/ФОТО

Бред Пит и Инес де Рамон „го освоија“ „Ју-Ес опен“/ФОТО

250
screenshot X

Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон повторно го привлекоа вниманието на јавноста со заедничко појавување, овојпат на финалето во женски сингл на ЈУ-ЕС Опен во Њујорк.

Славниот актер и неговата партнерка во саботата го следеа големото финале во женски сингл на турнирот ЈУ-ЕС Опен.

И го украдоа шоуто, бидејќи снимателот често ги „бараше“.

Пред мечот позираа со фановите

Бред Пит, кој има 62 години, и 33-годишната Инес де Рамон седеа во ВИП-секторот.

Пред почетокот на мечот, Бред и Инес се фотографираа со обожавателите кои ги препознаа на трибините.

Финалето во женски сингл го играа Арина Сабаленка од Белорусија и Елена Рибакина од Казахстан, која ја однесе победата.

Бред Пит и Инес де Рамон јавно се поврзуваат од ноември 2022 година, а за време на врската заедно присуствуваа на бројни спортски настани.

Ова лето беа и на Светското првенство 2026, додека во 2024 година заедно ја следеа Големата награда на Велика Британија. Како пар дебитираа на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција во септември 2024 година.

ИЗДВОЕНИ