вторник, септември 29, 2026
Дома СКОПСКА Санирано платото над спортската сала во училиштето „Гоце Делчев“ во Центар

Санирано платото над спортската сала во училиштето „Гоце Делчев“ во Центар

1

Општина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време прокиснуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето.

– Во рамките на градежно-санациските работи, платото е целосно обновено. Отстранети се сите постојни слоеви до конструкцијата, а поставени се нова хидро и термоизолација, нова кошулка и нови плочки. Направени се и решетки за површинско одводнување на атмосферските води. За учениците се поставени нови клупи за одмор, со што платото повторно е во функција на учениците. Дополнително се обновува и оградата во училиштето – информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека долго време оваа површина претставувала сериозен проблем за училиштето.

– При посилни врнежи, водата ги поплавуваше спортската сала и ходниците, па затоа беше потребна целосна санација, а не привремено решение. Со новата хидро и термоизолација и со целосното уредување на платото, го решаваме проблемот и обезбедуваме подобри услови за настава – рече Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ