петок, ноември 27, 2026
Дома СКОПСКА Санација на покривот на училиштето „Димитар Миладинов“ во Центар

Санација на покривот на училиштето „Димитар Миладинов“ во Центар

1

Општина Центар изведува градежни работи за санација на покривот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

– Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од покривната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег. По завршувањето на работите на покривот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето – соопштија  од Општина Центар.

Притоа додаваат дека со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага.

– Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар – рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.

 

ИЗДВОЕНИ