Елиминацијата од Минесота во плејофот може да предизвика сериозен земјотрес во редовите на Денвер, каде што се најавува голема реконструкција на тимот.
Според информациите од САД, единствено сигурен во составот е Никола Јокиќ, за кого клубот подготвува нов мегадоговор вреден дури 293 милиони долари. Сите останати, вклучувајќи ги и клучните стартери, би можеле да бидат тердувани.
Реномираниот новинар Сем Амик пишува дека раководството на Денвер е подготвено да ги сослуша понудите за Џамал Мареј и Ерон Гордон, и не ја исклучува можноста за нивно заминување.
- Целата лига ќе следи дали Јокиќ ќе го искаже своето мислење. Ако тоа се случи, неизбежни се разговори за иднината на Мареј, а потоа и за Гордон, наведува Амик.
Мареј имаше силна сезона, но повторно потфрли во клучните моменти, особено во елиминацијата од Минесота, што отвори сериозни дилеми околу неговата улога како втор лидер на тимот.
Од друга страна, Гордон и натаму е важен дефанзивен фактор, но честите повреди и фактот што има 30 години го ставаат под знак прашалник неговото долгорочно место во тимот.
Финансискиот аспект дополнително ја комплицира ситуацијата. Мареј во сезоната 2026/27 ќе заработува над 50 милиони долари, а неговата плата ќе расте до речиси 58 милиони. Гордон, пак, ќе инкасира околу 32 милиони долари.
Во вакви услови, Денвер би можел да се реши за радикален потег и да отвори ново поглавје околу Јокиќ како апсолутен лидер.
Доколку Нагетс навистина тргнат во реконструкција, интересот за Мареј и Гордон сигурно ќе биде огромен, што може да доведе до едни од најголемите трејдови во НБА ова лето.











