петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Нов биланс на жртви од рускиот напад врз хуманитарниот пункт во Запорожје:...

Нов биланс на жртви од рускиот напад врз хуманитарниот пункт во Запорожје: Загинаа најмалку 53 лица

13
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Најмалку 53 лица загинаа при руско бомбардирање на пункт за дистрибуција на помош во југоисточниот регион Запорожје во Украина, според најновите официјални податоци за жртвите од нападот. Како што пренесува Ројтерс, нападот врз пунктот за дистрибуција на помош во регионот Запорожје – кој се случи во понеделникот – е еден од најсмртоносните напади врз цивили оваа година.

Вршителот на должноста регионален гувернер, Михајло Семикин, на „Телеграм“ изјави дека операциите за пребарување и спасување на локацијата, која се наоѓа во селото Комишуваха, влегоа во петтиот ден.

Украинската државна служба за вонредни состојби претходно извести за 50 загинати, напоменувајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат и покрај тешките услови и постојаната закана од нови руски напади.

ИЗДВОЕНИ