Актерката Салма Хајек не се откажува од борбата против предрасудите во филмската индустрија, зборувајќи против сексизмот, староста и стереотипните портрети на жените на големото платно.
Мексиканската ѕвезда верува дека е време за промени и за повеќе можности за актерките од сите генерации.
Салма Хајек отсекогаш била отворена за дискриминацијата што ја доживеала во Холивуд – без разлика дали поради нејзиното потекло, пол или возраст. Актерките, особено оние над 40 години, често се соочуваат со ограничен избор на улоги, додека машките колеги на иста возраст продолжуваат да играат романтични херои и главни улоги.
„Бев „таа секси девојка“, но фала му на Бога, годините ми донесоа можност да истражувам нови територии“. Сепак, сè уште сум привлечна и гордо ја прифаќам“, изјави Хајек во интервју за списанието „Мари Клер“ („Marie Claire“).
Хајек ја користи својата платформа за да ги истакне неправдите кон жените во забавната индустрија и да се бори за поголема различност во филмските наративи.
Во интервју за „Гардијан“ во 2020 година, таа се присети на раните денови од нејзината кариера и на стравот да не биде отфрлена додека старее.
„Кога бев помладa, ги гледав постарите актерки и мислев: „Нема шанси да преживеам во оваа индустрија бидејќи ќе престанат да ми даваат улоги.“ Среќнa сум што сè уште сум тука.
Таа верува дека промената треба да дојде однатре – од продуцентитe, режисеритe и сценаристите кои ќе сакаат да ги претстават жените во различни фази од нивниот живот на автентичен начин.
Во интервју за „Пипл“ во 2017 година, Хајек ги истакна двојните стандарди што владеат во Холивуд:
„На мажите им е дозволено да стареат и сепак и понатаму да играат романтични улоги. Жените се отфрлаат. Тоа е неправедно, но тоа е реалност. Се борам за повеќе улоги за жени над четириесетата“.
Таа истакнува дека ова не е прашање само за Холивуд, туку и за целото општество, каде постарите жени често се маргинализирани, додека на мажите се уште им се даваат бројни можности, како во кариерата, така и во животот.
Освен што се бори за повеќе улоги, Хајек не крие дека ужива во својата женственост и не дозволува нејзината возраст да ѝ диктира како треба да се чувствува.
„Луѓето мислат дека кога жената ќе помине одредена возраст, таа мора да се повлече и да престане да биде привлечна. Јас го одбивам тоа. Се уште се чувствувам секси и нема да се извинувам за тоа“, рече таа.
Нејзиното појавување на црвените килими, модни ревии и социјалните мрежи често предизвикува ентузијазам, бидејќи покажува дека жената може да биде самоуверена, успешна и посакувана на која било возраст.