Поранешниот воен психијатар и мајор на американската војска, Нидал Хасан, ќе биде погубен на 3 декември поради убиството на 13 војници, а погубувањето ќе се пренесува во живо, со што тоа ќе стане првото јавно погубување во Америка по речиси еден век.
Јавноста ќе може во живо да го следи погубувањето на поранешен мајор од американската армија со стрелачки вод, објави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет.
Претставник на Министерството за одбрана за Би-би-си потврди дека погубувањето на Нидал Хасан – кој во 2009 година уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ – ќе се емитува преку пренос во живо.
Се верува дека ова ќе биде првото јавно извршување на смртна казна во САД по речиси еден век. Правните експерти истакнуваат дека одлуката за пренос во живо е „без преседан во модерната ера“ и се заснова на „несигурна правна основа“.
„Луѓето треба да разберат дека таквите постапки носат сериозни последици“, рече Хегсет.
Од друга страна, демократскиот сенатор Крис Марфи изјави за Си-Ен-Ен дека идејата за пренос во живо е „одбивна“ и потсетува на погубувањата што ги спроведуваше Исламската држава.
Пентагон објави дека Хасан ќе биде погубен – што ќе претставува прво воено погубување во САД по повеќе од 60 години и прво со стрелачки вод по крајот на Втората светска војна. Хасан, воен психијатар, призна дека отворил оган во преполн медицински центар во 2013 година, тврдејќи дека го сторил тоа за да ги заштити Талибанците во Авганистан.
Алонзо Ленсфорд, поранешен наредник кој го преживеа нападот иако беше погоден седум пати, ја поддржува егзекуцијата со стрелачки вод како „соодветен“ метод за злосторството што го извршил Хасан. Иако не смета дека преносот треба да биде достапен за мали деца, тој нагласува дека жртвите и семејствата на загинатите мора да имаат можност да ја гледаат егзекуцијата.
„Планирам да присуствувам на егзекуцијата. Пред да го повлечат чкрапалото, сакам тој да ме погледне во очи и да сфати дека не успеал – јас сè уште сум тука“, рече Ленсфорд. Хегсет потврди дека претседателот Доналд Трамп ја одобрил препораката за егзекуцијата закажана за 3 декември во Форт Худ, Тексас. На прашањето дали Хасан имал некакви последни барања или му се обратил на претседателот, тој рече:
„Не ми е грижа. Се гледаме на 3 декември“, кратко изјави Хасан.
Сепак, правните експерти се сомневаат дека егзекуцијата навистина ќе се случи до наведениот датум. Според воениот закон, за извршување на смртна казна е потребна конечна потврда од повисоките судски органи, а процесот на жалби на Хасан пред федералните судови сè уште не е завршен, што би можело да ја одложи егзекуцијата со години.
„Обидот да се спроведе егзекуцијата пред камери повеќе личи на обид за одвлекување на вниманието и малку е веројатно дека навистина ќе се случи“, оценуваат правните аналитичари.












