среда, јули 22, 2026
Дома МАГАЗИН Сахара пристигнува во Европа: Ноќите без спас, деновите како во рерна –...

Сахара пристигнува во Европа: Ноќите без спас, деновите како во рерна – пеколните темератури можат да го срушат историскиот рекорд

49

Ноќните температури остануваат екстремно високи, над 25 степени, што го отежнува опоравувањето на телото од дневната топлина. Главната причина е силна област со висок притисок и наплив на многу топол и сув воздух од Сахара.

Иберискиот Полуостров е погоден од екстремен топлотен бран што би можел да донесе температури до 47 степени во делови од Шпанија оваа недела. Ова би можело да сруши и некои историски температурни рекорди, пишува Severe Weather Europe.

Најлошото се очекува во јужните и источните делови на Шпанија, особено во долините на реките Гвадалкивир и Ебро, како и во регионите Мурсија и Кастиља-Ла Манча. Топлината ќе се прошири и на југот на Франција, каде што температурите би можеле да бидат близу 40 степени.

Проблемот нема да бидат само дневните температури. Ноќите исто така ќе бидат многу топли, со минимални температури над 25 степени Целзиусови на некои места, што значи дека телото нема да може нормално да се опорави од дневната топлина во текот на ноќта.

Главната причина за екстремната топлина е силната област со висок притисок што се задржа над југозападна Европа. Таквиот систем делува како капак: го држи топлиот воздух блиску до земјата и не му дозволува да се распрсне.

Ситуацијата е дополнително влошена од приливот на многу топол и сув воздух од Сахара. Како резултат на тоа, температурите во делови од Шпанија би можеле да се приближат до највисоките вредности некогаш измерени во таа земја. Официјалниот шпански рекорд е 47,6 степени, а е измерен во Ла Рамбла во близина на Кордоба на 14 август 2021 година. Временските модели покажуваат дека Мурсија би можела да биде една од областите каде што овој рекорд е сериозно загрозен оваа недела.

Според прогнозите, во централна и јужна Шпанија денеска се очекуваат температури од 42 до 44 степени. Се очекува топлината дополнително да се интензивира во четврток. Во источните и јужните низини, температурите би можеле да достигнат од 44 до 46 степени, локално до 47, што особено се однесува на провинциите Мурсија, Аликанте и Валенсија.

Исто така, многу жешко ќе биде во долината Ебро, каде што се очекуваат температури до 44 степени. Во петок, екстремната топлина продолжува во истите области, повторно со температури околу 45 степени.

Продолжената топлина носи сериозни проблеми. Поради сувата почва, ниската влажност и ветерот, опасноста од пожар во неколку региони е подигната на највисоко ниво. Во такви услови, пожарите можат брзо да избувнат и да се шират со голема брзина, додека сувите ветрови дополнително го зголемуваат ризикот низ целиот полуостров.

ИЗДВОЕНИ