четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ САД го нападнаa островот преку кој Иран ја извезува речиси целата нафта/ВИДЕО

САД го нападнаa островот преку кој Иран ја извезува речиси целата нафта/ВИДЕО

87
Фото: screenshot X

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави видео од синоќешните американски напади врз иранските воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив. Видеото ги прикажува нападите врз воената база, вклучувајќи напади врз пистата на воздухопловната база, како и неколку други локации на островот.

Според достапните информации, цел биле и системите за воздушна одбрана и можните ракетни локации што ги користи Иранската револуционерна гарда.

Трамп синоќа објави на социјалната мрежа Truth Social дека американската војска извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блискиот Исток и го нападнала островот Харг (Kharg), кој служи како терминал за речиси целиот извоз на иранска нафта.

„Пред неколку моменти Централната команда на САД започна еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток и целосно ги уништи сите ВОЕНИ цели на бисерот на Иран, островот Харг“, напиша Трамп.

Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.

„Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го попречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормутскиот теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука“, рече американскиот претседател.

 

ИЗДВОЕНИ