Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе повлечат повеќе од 5.000 американски војници од Германија.
Пентагон претходно објави дека САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци.
Одлуката дојде во време на растечки несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран, според Ројтерс.
Трамп претходно се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија по судирот со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој рече дека Иранците ги понижуваат САД во преговорите за завршување на војната.












