
Италијанскиот и иранскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и Абас Аракчи денес разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, при што Тајани изрази загриженост за зголемувањето на тензиите во регионот.
Тајани изјави на својот профил на мрежата „Икс“ дека разговарале за војна меѓу САД и Израел против Иран и ја нагласиле потребата да се спречи понатамошна ескалација.
„Јасно потврдив дека за Италија развојот на иранската нуклеарна програма за воени цели претставува црвена линија, со конкретен ризик од започнување на опасна трка во нуклеарно вооружување во регионот“, напиша Тајани, нагласувајќи дека е потребно да се интензивираат дипломатските напори за постигнување договор и повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Тајани го повика Иран да го искористи своето влијание врз либанската група Хезболах за да ги запре нападите врз Израел и да „постигне мир во Либан преку преговори“.
„Италија е сè повеќе посветена на поддршка на секој меѓународен напор за мир, одржување отворени канали за дијалог со сите партнери и промовирање стабилност на Блискиот Исток“, напиша Тајани.











