четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Ќе го разгледам планот на Иран, но Техеран мора да плати...

Трамп: Ќе го разгледам планот на Иран, но Техеран мора да плати „доволно висока“ цена

155
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе го разгледа планот за прекин на војната што Иран штотуку им ја испрати на Соединетите Држави, но дека не може да замисли дека планот би бил прифатлив без Техеран веќе да плати „доволно висока цена за сè што им направи на човештвото и на светот во последните 47 години“.

Трамп ја даде изјавата на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) откако агенциите „Тасним“ и „Фарс“ објавија, повикувајќи се на извори, дека Иран доставил одговор од 14 точки на предлогот на САД за решавање на конфликтот, кој вклучува гаранции за неагресија, повлекување на американските сили, укинување на санкциите и поморските блокади, како и решавање на клучните прашања во рок од 30 дена.

Трамп претходно изјави дека Вашингтон би можел да продолжи со воздушните напади ако Техеран „се однесува лошо“.

Израелската војска издаде итно предупредување до жителите на јужен Либан, повикувајќи ги да ги напуштат своите домови и да се преместат најмалку 1.000 метри кон отворените области.

Војската соопшти дека спроведува операции против Хезболах, велејќи дека групата го прекршила договорот за прекин на огнот и предупреди дека секој што е во близина на борците или објектите на Хезболах може да биде во опасност.

ИЗДВОЕНИ