Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, призна дека долготрајната природа на конфликтот во Украина има влијание врз западните земји.
„Тоа трае долго време и, природно, тоа само по себе носи последици“, изјави Руте одговарајќи на прашањето дали во рамките на НАТО се чувствува замор во врска со конфликтот во Украина.
Сепак, тој истакна дека постои консензус во Европа, Канада и САД оти поддршката за Киев мора да продолжи. Според него, Западот се обидува да ја зајакне позицијата на Украина пред евентуални преговори.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека одредени европски земји прават сè што можат за да се спротивстават на западниот замор во однос на поддршката за Украина, пренесува „Спутник“.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, исто така оцени дека поддржувачите на Киев се уморни од прашањето за Украина, но се принудени да продолжат да ѝ пружат „ритуална поддршка“.












