Руските сили повторно нападнаа објект на украинската енергетска компанија „Нафтогас“ во регионот Полтава денес, објави компанијата.
Според извештаите, експертите ги проценуваат последиците од нападот, додека нивната работа е попречена од заканата од нови напади.
Вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на Нафтогас, Сергеј Федоренко, изјави дека објектите на компанијата во регионите Полтава и Дњепропетровск се под континуирани напади од страна на руската армија оваа недела, објави „Укринформ“, пренесува „Танјуг“.












