петок, октомври 9, 2026
Дома СВЕТ Рускиот претседател го покани „стариот пријател во својот дом“: Шредер го прослави...

Рускиот претседател го покани „стариот пријател во својот дом“: Шредер го прослави роденденот на Путин во Русија/ФОТО

0
EPA/MIKHAIL METZEL

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер присуствуваше на прославата на 74-тиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти синоќа Кремљ.

На фотографиите објавени на Телеграм се гледаат Герхард Шредер и Владимир Путин како широко се насмевнуваат и се ракуваат пред печка во стар стил и самовар, пренесе британската новинска агенција Ројтерс.

„Претходниот ден, додека ги гледаше утринските вести, Владимир Путин дозна дека Герхард Шредер е во Москва, каде што пристигнал во име на компанијата ’Хиперглобус‘“, наведе Кремљ на Телеграм.

Рускиот претседател го поканил „својот стар пријател во својот дом. Герхард Шредер беше со Владимир Путин кога шефот на државата го славеше својот роденден на 7 октомври“, додадоа од Кремљ.

Герхард Шредер (82), кој ја извршуваше функцијата германски канцелар од 1998 до 2005 година, неодамна се приклучи на надзорниот одбор на рускиот синџир супермаркети „Хиперглобус“.

ИЗДВОЕНИ