Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 136 беспилотни летала, соопштија украинските воздухопловни сили.
Силите за противвоздушна одбрана соборија 114 од овие беспилотни летала. Леталата беа лансирани од руските градови Орјол и Приморско-Ахтарск, како и од привремено окупираните територии во регионот Доњецк и градот Гвардејское на Крим.
Денеска беа воведени вонредни прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени региони на Украина поради критичната состојба на електроенергетската мрежа по неодамнешните руски напади.
Прес-службата на „Укренерго“, украинскиот државен оператор на системот за пренос на електрична енергија, наведе дека за регионите опфатени со вонредните прекини претходно биле објавени распореди за планирани часовни исклучувања на струјата.
Екипите за поправка работат на воспоставување стабилно снабдување со електрична енергија. Вонредните прекини ќе бидат укинати штом состојбата во електроенергетската мрежа се стабилизира, соопштија од компанијата, а пренесе „Украинска правда“.












