
„Претседателот се чувствува подобро. Замоли тоа да им биде пренесено на сите граѓани на Србија. Му даваме неколку дена одмор. Со оглед на тоа што му е препишан одмор, ги откажа сите активности за претстојните денови“, ја цитира ТАСС изјавата на министерто Синиша Мали, пренесува неделникот Vreme.
Се наведува и дека нема информации за какви било прилагодувања во врска со плановите на претседателот да ја посети Москва на 9-ти мај, но изрази уверување дека Александар Вучиќ ќе си го одржи зборот.
„Во претстојните неколку дена, кога ќе закрепне, ќе се обрати на јавнсота. Единствено што можамда кажам, познавајќи го, со оглед на тоа дека е човек од збор, навистина вети дека ќе биде таму, и претпоставувам дека ќе го изсполни своето ветување“, рече Мали.
„Доаѓам, ако не ми се случи нешто“.
Руската новинска агенција ТАСС потсети на изјавата на Вучиќ дека има намера да присуствува на Парадата по повод Денот на победата во Москва на 9-ти мај, освен ако „не му се случи нешто или ако Србија биде загрозена од каква било закана“.