четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Соборен е рекорд: Топлотниот бран во Шпанија сè уште трае, влезе во...

Соборен е рекорд: Топлотниот бран во Шпанија сè уште трае, влезе во 61-виот ден!

0

Шпанија во 2026 година забележа 61 ден во услови на топлотен бран, што е најголем број во историјата на мерењата и далеку над претходниот рекорд од 41 ден поставен пред четири години, соопшти националната метеоролошка агенција AEMET.

Шпанија исто така го имаше најтоплото лето од почетокот на мерењата во 1961 година, со просечна температура од 24,5 степени Целзиусови, што е за 0,3 степени над претходниот рекорд поставен во 2025 година, пренесе Ројтерс.

Јулските и августовските топлотни бранови, кои траеја подолго од 20 дена, беа меѓу најдолгите забележани уште од 1975 година. AEMET наведува дека 10-те најтопли лета во историјата на мерењата во Шпанија се случиле во 21 век.

Податоците од системот на Министерството за здравство покажуваат дека 5.234 луѓе починале од причини поврзани со жештините во периодот помеѓу 15 мај и 31 август.

Научниците наведуваат дека екстремните временски услови стануваат сè почести како резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

ИЗДВОЕНИ