Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран ќе заврши веднаш по меѓувремените избори за Конгресот, кои се одржуваат во ноември.
„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите, бидејќи тие не можат да издржат подолго од тоа, а веднаш потоа цената на нафтата ќе почне да паѓа“, им рече Трамп на новинарите во воздухопловната база „Ендрјус“ пред да замине на предизборен митинг во Далас.
Американскиот претседател посочи дека Иран ќе продолжи да дава отпор бидејќи ќе се обиде да влијае врз изборите.












