петок, јуни 12, 2026
Дома СВЕТ Русите цела ноќ ги бомбардираа украинските градови: Днепар најкритичен, луѓе се заробени...

Русите цела ноќ ги бомбардираа украинските градови: Днепар најкритичен, луѓе се заробени под урнатините/ВИДЕО

1007
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека најмалку четири лица се убиени, а 30 други се ранети низ цела Украина во серија напади од страна на руските сили.

– Досега низ цела Украина се пријавени повеќе од 30 повредени. Имаше жртви и во Черниговската, Одесската и Харковската област. За жал, имаше смртни случаи. Четири лица се убиени. Мое сочувство до нивните семејства и најблиските, – рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

Тој рече дека 11 лица моментално се наоѓаат во болниците во Днепар по рускиот напад врз градот.

– Спасувачките операции продолжуваат на местото на ударот врз станбената зграда. Луѓето може да бидат сè уште заробени под урнатините. Речиси цела ноќ Русите го напаѓаа Днепар и другите наши градови и заедници, – рече украинскиот претседател.

Според него, тактиките на Русија остануваат непроменети – напади со беспилотни летала, крстосувачки ракети и значителен број балистички ракети.

– Повеќето од целите се цивилна инфраструктура во градовите. Оштетени се станбени згради, енергетски објекти и претпријатија. Секој таков удар мора да ги потсети нашите партнери дека ситуацијата бара итна и решителна акција. Треба брзо да ја зајакнеме нашата воздушна одбрана – нагласи тој.

Зеленски, исто така, повика сега да се покрене 21-от пакет европски санкции против Русија, чија клучна цел е значително да се ограничат можностите на рускиот воено-индустриски комплекс.

ИЗДВОЕНИ