Младата надеж на тенисот и претставничка од Русија, Мира Андреева (18), беше елиминирана во осминафиналето на Индијан Велс, бидејќи Чехинката Катарина Сињакова беше подобра од осмата тенисерка во светот со 4:6, 7:6, 6:3. Сепак, она што остави силен впечаток по натпреварот сигурно беше реакцијата на младата Мира која ја опцу публиката.
Андреева само сакаше да го напушти теренот откао го загуби натпреварот. По крајот на натпреварот таа луто го фрли рекето, ја поздрави својата соперничка и им упати неколку зборови на навивачите. Од лицето на младата тенисерка можеше да се прочита: „Е*ете сите. Е*ете се сите“. Таа целосно ја шокираше публиката со своите извици, кои не и останаа должни, бидејќи ја испратија со свирежи.
this took me OUT 😭 pic.twitter.com/ST8GwF8lbY
— Christian’s Court (@christianscourt) March 9, 2026
„Не сум баш горда на начинот на кој го направив тоа. Не сум баш горда на тоа што го направив на крајот. Тоа се работи на кои навистина морам да поработам што е можно поскоро. Не знам… не во иднина, но штом ќе добијам шанса“, рече Мира на прес-конференцијата по поразот.
Претходно, Мира беше бесна кога го загуби вториот сет, по тај-брејк. Во напад на бес, Русинката го фрли рекетот, поточно – го скрши. Таквото однесување судијата го окарактеризира како прекршување на кодексот на однесување, па Мира доби опомена.
Андрејева има само 18 години, многу е млада, па има можност да се справи со начинот на кој се однесува на теренот. Нема сомнение дека професионалниот тенис носи многу проблеми за младата Русинка, и очигледно е дека ѝ е многу тешко.
— wtay (@wtaclayy) March 9, 2026












