понеделник, јули 27, 2026
Дома СВЕТ Русија ќе бара од Европа повеќе од 10 милијарди евра како отштета...

Русија ќе бара од Европа повеќе од 10 милијарди евра како отштета за војната во Украина и враќање на замрзнатите пари

1

Руски претставници најавија дека Москва ќе бара отштета од европските држави за војната во Украина, како и враќање на околу 300 милијарди долари руски средства што беа замрзнати на Запад по почетокот на инвазијата во 2022 година.

Алексеј Чепа, прв заменик-претседател на Комитетот за меѓународни работи во Државната дума, изјави дека Русија ќе го постави ова прашање, зашто европските земји треба да сносат одговорност за својата улога во конфликтот. Сличен став изнесе и сенаторот Александар Волошин, кој смета дека западните земји треба да ја надоместат штетата во Донбас, како и во окупираните делови на Запорожје и Херсон и во руските погранични региони. Според процените на шефот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин, штетата изнесува околу еден билион рубљи, односно приближно 10,8 милијарди евра.

Кремљ и натаму тврди дека Западот и НАТО се одговорни за ескалацијата на војната. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека конфликтот не би ги достигнал сегашни размери без воената и финансиската поддршка што ги добива Украина од западните сојузници.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат со нападите врз Украина.

ИЗДВОЕНИ