четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русија изврши нови напади врз енергетската инфраструктура на Украина – неколку области...

Русија изврши нови напади врз енергетската инфраструктура на Украина – неколку области останаа без електрична енергија

104

Жителите на регионите Донецк, Суми, Дњепропетровск и Чернихив, на исток, север и југ од Украина, останаа без електрична енергија утрово по новите руски напади врз енергетската инфраструктура.

Ова го објави украинското Министерство за енергетика.

Според националниот оператор на мрежата за пренос на електрична енергија, „Укренерго“, во тек се поправки каде што дозволуваат безбедносните услови.

„Тимовите од енергетскиот сектор работат неуморно за да ја вратат електричната енергија на сите потрошувачи што е можно поскоро“, изјави Министерството за енергетика на социјалните мрежи.

Додаде дека поради новите руски напади врз енергетската инфраструктура, ограничувањата за електрична енергија за индустријата и планираните прекини остануваат на сила во неколку делови од Украина, пренесе Бета“.

ИЗДВОЕНИ