Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во наредните денови пак, ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.












